Двајца тетовци починаа, а уште шестмина се на интензивно лекување на Клиниката за токсикологија во Скопје, од труење со шумски печурки.

Миланчо Трпчески (53) и неговиот син Трпче (30) и двајцата пасионирани ловци, минатата недела за време на лов со пријателите во тетовско собрале и помала количина печурки, што била нивна вообичаена практика, пренесуваат медиумите. За несреќа меѓу собраните имало и отровна печурка која според изгледот  речиси не се распознавала. Ловџиите собраните печурки ги поделиле. Ги јаделе во неделата попладне, а првите симптоми на труење ги почувствувале во понеделникот.

Осум лица кои конзумирале отровни печурки итно биле пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје, но Миланчо и Трпче ја загубиле битката за живот.

OhridNews