Утре, во Охрид, продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, „Отворено со Катастарот“ во чии рамки граѓаните имаат можност да се сретнат со стручните тимови на Агенцијата, со цел решавање на нивните проблеми од областа на катастарот.

Средбите со граѓаните во Охрид ќе се одржат  до 31 јануари, од 9 до 18 часот.

Дел од активностите на стручните тимови во рамки на посетата на одделението во Охрид се насочени и кон поддршка на подрачното одделение во спроведувањето на новите проекти на катастарот, како што е проектот за дигитализацијата на катастарските планови.

OhridNews