Од утре ќе започне да функционира пајак службата на територијата на Општина Охрид, информираат од ЈП „Билјанини Извори“ и упаат апел за почитување на сообраќајните правила.
Согласно одлуката со број 02-793/2 од Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори” за основање на нова подружница, Пајак служба, како посебна организациона целина на претпријатието и согласно одлуката на Советот на Општина Охрид со број 08-9420/10 за пренесување на правото на користење на товарно моторно возило за специјална намена – пајак, ЈП „Билјанини Извори” ЈП ја известува јавноста дека од утре ќе започне да функционира пајак служба на територија на Општина Охрид, информираат од претпријатието.
Воедно упатуваат апел до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.
OhridNews












