Со цел навремено прилагодување на новините во даночното и финансиското работење, од утре, 8- ми мај па се до 30- ти мај ќе се одржуваат обуки за е- Даноци кои Управата за јавни приходи ги организира во поголемиот број градови во земјава.

Обуката за е- Даноци во Охрид ќе се одржи на 15- ти мај со почеток во 12 часот во просториите на Даночното одделение.

На еднодневното советување, сите заинтересирани лица (правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа), имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е-Даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи и др.

Од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат, преку системот е-Даноци.

OhridNews