Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи од утре не очекува значајна промена на временските услови. Во текот на утрешниот ден ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат повремено пообилни врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и со услови за појава на грмежи.

Слично време не очекува до петок. Ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер јужен ветер.

Во Охрид максималната температура ќе биде од 8 до 12, а минималната од 2 до 6 степени.

OhridNews