Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.
Во недела и понеделник ќе биде сончево со пораст на дневната температура. Од вторник ќе преовладува променливо време со повремен локален дожд.
OhridNews