Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 28 степени.

Според прогнозите од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепено затоплување.

OhridNews