Согласно Решението на Градоначалникот на Општина Охрид, за утврдување на режим на сообраќај во централното подрачје на град Охрид, ЈП билјанини Извори ја известува јавноста дека од утре ќе започне со издавање на специјални пропусници за граѓаните на УЗ Стар Град како и на институциите кои се лоцирани во тој дел од градот.

Исто така специјални пропусници ќе се издаваат и на транспортни компании кои имаат решение од Општина Охрид за вршење на дотур и транспорт на тој дел од градот. Специјалните пропусници ќе се издаваат од утре 18 јули од 08 – 15 часот во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори Спортска сала Билјанини Извори. Специјалните пропусниците содржат електронски чип кој ќе се наплаќа 150 денари еднократно и за нивно издавање сите заинтересирани корисници ќе треба да достават лична карта и сообраќајна дозвола со место на живеење.

OhridNews