Долгонајавуваниот проект, воведување на „е-тестови“ за полагање на теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола, отпочнува од утре – информираат од Министертството за внатрешни работи.

Прашањата, кои ќе ги добиваат пријавените кандидати, ќе бидат електронски генерирани тестови. Првото полагање на електронските прашања, ќе биде утре во 13 часот, во испитниот центар на АМСМ во Тетово. Со ова, се става крај на проблемите, со кои се соочуваа испитните центри во минатото.

Инаку, сите канидати, кои од 01.10 се пријавени за полагање на теоретскиот дел од испитот, прашањата ќе ги добиваат во електроска форма. Своето присуство, на отворањето на овој проект, го има најавено и ресорниот министер, Гордана Јанкулоска.

OhridNews