Од ноќеска на пониските места на северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините на северот повремено ќе врне снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Утре преку ноќта и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира понекаде и на повисоките места, соопшти УХМР.

Потоа, како што велат од УХМР, следува период на стабилно и се потопло време.
OhridNews












