Како што велат организаторите, фестивалот е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и културата во која лежи огромен потенцијал за подобрување на сеопштиот квалитет на живеење и основната цел е да се претстават „креативни производи“ кои се темелат на знаење, умешност, љубов, автентичност и корисност.
Фестивалот нуди и едукативен дел преку предавања и работилници, со цел да ја предизвика љубопитноста и потребата кај посетителите да го надградат своето знаење и вештини за креативно изразување надвор од формалните рамки на образованието, а со посебни утрински работилнициќе бидат опфатени и најмладите од 8 до 13 години.
Ден 1: Јаки жени – женско творештво
Ден 2: Ачик Активизам – активизмот и креативните индустрии
Ден 3: Збор – два – текст – книжевен лавиринт
Ден 4: Утрешниот уметник – современи текови во уметноста
Ден 5: Урбан Шаман- уметноста на живеењето
Фестивалот се разлизира во копродукција со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, без финансии, а благодарение на поединци и дел од бизнис заедницата во Македонија.