Од локалната самоуправа информираат дека од дневниот ред на утрешната седница на советот, повлечени се сите точки поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти. Како што велат, целта е да се продолжи со транспарентноста и отчетноста во работењето.
- Овој состав на Советот на општина Охрид досегаима донесено 276 одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти и сите, во интерес на граѓаните се донесени едногласно, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека редовните и тековните обврски на општината не смеат да бидат злоупотребувани за политички поткусурувања и ефтина политичка пропаганда.
OhridNews












