Од 1 јуни 2018 година, полскиот авиопревозник за првпат ќе се почне директно да лета од Варшава до Скопје. Летови ќе има дури 6 пати неделно со модерни авиони-Ембраер. Картите се веќе достапни во продажба.

Почнувајќи од летната сезона, патниците од Македонија ќе може да ги користат директните летови до Варшава или да се прекачат на летови до другите аеродроми опслужувани од страна на ЛОТ кои опфаќаат 90 дестинации во широката мрежа на конекции. Редот на летање е планиран на начин што им обезбедува на патниците најпогодна понуда на летови, меѓу другото, за САД: до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, како и до Торонто во Канада.

Летови од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава до скопскиот аеродром ќе има секој ден освен во недела. Во понеделниците, средите и петоците патниците на ЛОТ ќе полетуваат од Варшава со модерните Ембраер авиони во 10:35 часот и ќе пристигнуваат во Скопје во 12:40 часот. Повратниот лет за Варшава ќе биде во 13:20 часот. Во вторниците, четвртоците и саботите, летовите од Варшава се предвидени во 14:25 часот, а слетувањето во Скопје во 16:30 часот. Заминувањето од Скопје е планирано во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава во 19:15 часот. Летовите ќе траат само 2 часа и 5 минути.

Летовите до Македонија ќе бидат опслужувани со авионите Ембраер 170 и 175. Во зависност од верзијата на моделот, патниците ќе имаат на располагање од 70 до 82 седишта во три класи: економска, економска-премиум и бизнис класа.

ЛОТ е прогласен за најбрзорастечка авиокомпанија во Европа – од 2016 година. Полскиот авиопревозник доследно ја реализира стратегијата за рентабилен раст, која предвидува пораст на бројот на превезени патници до 10 милиони до 2020 година. ЛОТ има намера да биде лидер во областа на транспортот во Централна и Источна Европа, обезбедувајќи најдобра понуда на транзитни конекции преку воздухопловниот јазол во Варшава за патниците од Полска и цела Централна и Источна Европа.

Картите за новите дестинации на ЛОТ–меѓу другото до Скопје – се продаваат преку контакт центарот на ЛОТ, преку веб-страницата: www.lot.com, како и кај продажните агенти.

OhridNews