Значително зголемување на температурите не очекува од претстојниот викенд.

Според најавите, во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени, во Охридскиот регион до 15 степени Целзиусови.

Во недела ќе биде доста потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната темоература ќе се движи од 0-6, а максималната од 16-24 степени.

OhridNews