Согласно изгласаните измени на Законот за трговија, од страна на собранието, од викендов, се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот.

Со измените се дозволува продажба на алкохол во киосците, но останува забраната за бензинските пумпи како и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.