Во недела, 15 април, во 13.15 часот на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигнат првите гости од Истанбул со авион на компанијата Онур Ер, со што и официјално ќе биде воспоставена директна авио линија Истанбул – Охрид.
Традиционално, првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата Онур Ер, ќе се одбележи со пригодна свеченост на охридскиот аеродром. Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на Онур Ер и на Татилбудур.
OhridNews












