Од патничко моторно возило џип, во Струга украдени се 15000 швајцарски франци и пет патни исправи, информираат од СВР- Охрид.

Според првичните информации кражбата била извршена откако возилото било паркирано и оставено незаклучено во центарот на Струга.