Од втората половина на месец август започнува изградбата на колекторскиот систем во Трпејца, информираше премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увид на градежните активности на патот од Климештани до Охрид.
Посочи дека проектот е поделен во два фази, а даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано.
Во втората половина на август веќе се воведува фирмата изведувач во работа. Проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази. Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи – потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано, рече Мицкоски.
Н.С.Ј.