Вчеравечер, во 22 часот и 30 минути, на крстосницата од улиците „Аргир Маринчев“ и „Нада Филева“, додека Н.Д.(28) и С.М.(28), двајцата од Охрид, се движеле со моторно возило „тојота селика“, наишле на препрека на патот со камења. Откако, С.М. излегол да ги отстрани истите, дошле три маскирани лица, кои со безбол палки физички ги нападнале Н.Д. и С.М., нанесувајќи им телесни повреди, а притоа го оштетиле и возилото.

На повредените им е укажана лекарска помош во Општа болница-Охрид и се пуштени на домашно лекување.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за  расчистување на случајот.

Ohridnews