Според првичните проценки на полицијата, разбојниците во синоќешната кражба од златарата „Голд“ во Охрид, заминале со плен тежок 100.000 евра.
Разбојниците кои на себе имале капи и биле вооружени, сионоќа околу 20 часот упаднале во златарата и одзеле поголема количина златни предмети, по што побегнале од местото на настанот.
Од полицијата информираат дека во тек е широка акција за пронаоѓање на разбојниците.