Денес,се одржа пригодна свеченост со која се одбележаа 60 години постоење на охридското Здружение на лица со оштетен слух.Како што истакна претседателката на здружението, Славица Стефаноска,станува збор за навистина значаен јубилеј и долг период на функционирање на здружението чија основна цел е заштита на правата на членовите.

Навистина сме активно здружение и работата ја работиме посветено и со љубов.Се надевам дека така ќе продолжиме уште долги години.Присутни сме во речиси сите случувања во општината,вели Стефаноска.Во однос на интегрираноста на лицата со оштетен слух во општеството, Стефаноска потенцира дека никогаш не може да се каже дека е достигнат максимумот, но дека здружението продолжува понатаму со активностите за надминување на бариерите.

На свеченоста им беа доделени признанија на општествено одговорни поединци и институции за соработка и помагање на здружението.

Во здружението во Охрид членуваат 140 лица со оштетен слух.

OhridNews