Сојузот на Балканските Египќани денес со пригодна свеченост го одбележа 24 јуни,  денот кога во 1990 година се одржало  основачкото собрание на првата организација на Балканските Египќани во Охрид. Одлуката овој ден да се одбележува секоја година била донесена на конгрес кој се оддржал  во Струга во декември 2010.


Започнуваме една нова ера во движењето на Египќаните преку соработката со невладиниот сектор во Египет со што сметаме дека во иднина  ќе реализираме  успешни проекти, ќе разменуваме знаења, искуства, а предвидена е и  културна и економска соработка, изјави Рубин Земон од Сојузот на Балканските Египќани.

На свеченоста присуствуваа и претставници од невладината организација од Египет, „Еден свет“.


– Среќни сме што се запознавме со членовите на Сојузот на Балкански  Египќани. Намерата ни беше од нив да   научиме повеќе за Балканот, состојбата на Египќаните тука како и за останатите малцинства, затоа што тоа едно искуство повеќе. Убаво е да се знае дека нашите предци дошле тука на Балканот, рече Џихан Абузит од организацијата од Еѓипет.


Таа потенцира дека е задоволна од големото гостопримство на домаќините и воопшто на жителите со кои имала можност да се сретне. Изрази надеж дека соработката со Сојузот на Египќани ќе продолжи успешно и понатаму .

OhridNews