Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид, а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено, истакна во своето поздравно обраќање, портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, кој се обрати на свеченота по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција во име на началникот на СВР Охрид, Игор Смилески.

СВР Охрид е легитимен фактор во одржувањето на безбедноста и во справувањето со безбедносните проблеми и предизвици, за заштита на личната сигурност на граѓаните и нивните материјални добра. Во првите 4 месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се 184 кривични дела што е намалување во однос на цела 2024 година, кога биле пријавени 240 кривични дела. Ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела во првите 4 месеци од 2025 е 48 проценти, а за цела измината 2024 била 51 процент. Од областа не економскиот криминалитет, поднесени се 28 кривични пријави во првиот квартал од 2025 а за цела 2024 имало 20 кривични пријави. Во областа на јавниот ред и мир, од почеток на годинава регистрирани се 56 прекршоци а во цела 2024 вкупно 110, рече Димоски.

Претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски, го честиташе Денот на македонската полиција на сите полициски службеници на СВР Охрид и им порача дека, тие се суштински факторот за одржување на поволната состојба на безбедносен план во Охрид и дека само со професионална, етичка и неселективна полиција, ќе се зачува сигурноста на граѓаните и туристите во Охрид. Тој нагласи дека одлична е соработката на СВР Охрид со локалната самоуправа и дека тие се подготвени да работаат за понатамошно подигнување на безбедноста и сигурноста подржувајќи ги сите активности на охридската полиција што водат кон таа насока.

Димитрија Стојчески, пензионираниот милицаец од времето на СФРЈ, со милициска униформа и присуство, и даде посебен белег на свеченоста. Кратко тој им го честиташе 7 мај на неговите колеги полицајци, им посака добро здравје и успешна работа.

По повод 7 мај – Денот на македонската полиција, најмладите од детската градинка „Биљјана“, ја посетија езерската и сообраќајната полиција каде, служнаа како полицајците ги извршуваат своите работни задачи и видоа дел од опремата шрто ја користат, а во просториите не поранешната касарна во Охрид, свечен прием за припадниците на охридската полиција, организираше организацијата на ветерани од безбедноста и одбраната од Охрид.

Денешните свечености, отпочнаа со едноминутен молк во знак на почит кон загинатите во кочанската трагедија, каде меѓу трагично загинатите, живото го загуби и еден полициски службеник.

OhridNews