Свечена програма по повод одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Братство Единство“ Охрид беше приредена од страна на учениците кои се дел од училишниот хор, а во училишниот двор беа реализирани и низа активности во кои беа вклучени останатите ученици.
На свеченоста беа доделени пофалници за континуиран успех на учениците од деветто одделение а истовремено доделени и награди на ученците кои постигнааа значајни успеси на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари, информираат од училиштето.
Меѓу наградените ученици се Ахмед Сулајман за постигнато второ место на општински, второ место на регионален и трето место на државен натпревар по математика, Есер Миминоски за освоено трето место на општински натпревар по математика, Мерве Мехмед за постигнато трето место на регионалниот натпревар по физика и математика и трето место на меѓународен натпревар по турски јазик и книжевност, Корај Ахмед за освоено второ место на меѓународен натпревар по турски јазик и книжевност, Ајча Муфти за освоено прво место на регионалниот натпревар по географија и прво место на меѓународен натпревар по турски јазик и книжевност, Зејнеп Рамадан за освоено второ место на регионалниот натпревар по географија и Селма Ахмед за освоено второ место на општински натпревар по англиски јазик.
Со прво место е награден и училишниот хор на меѓународниот хорски фестивал Мелодианум во Р. Србија.
На свеченоста беа присутни претставници од локалната самоуправа, директори на основни и средни училишта, наставници, родители и ученици.
OhridNews













