Со положување свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во истоименото основно училиште вчера започнаа чествувањата по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Христо Узунов.

Делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе, а пред присутните наставници и ученици се обрати и директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска.

Чествувањата продолжија вечерта со свечена програма по повод патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Свечената програма насловена „Езерските бранови ги чуваат тајните на градот” беше подготвена и изведена од учениците под раководство на нивните наставници, а беше прогласен и првенецот на генерација од страна на директорката на училиштето. Во име на Општина Охрид присуствуваше и заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Одбележан патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

 

Во понеделник продолжуваат чествувањата со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во Градскиот парк и со панихида на неговиот гроб во Цер, Кичево.

OhridNews