На пригоден начин, со свечена програма во просториите на општинското угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески” вчера се одбележа патрониот празник на центарот. На свечениот прием присуствуваа вработени во училиштето, родители на учениците, претставници од локалната самоуправа,од основните и средните училишта во градот, Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието и др. институции.
Присутните имаа можност да видат дел од активностите на учениците од проектот “Еко училиште” и проектот “Безбедни училишта”.
Во насока на издигнување на хуманите вредности, а во рамките на патрониот празник учениците се вклучија во одбележувањето на “Неделата на борба против гладта” поддржана од локалната самоуправа. Училиштето донира пакети со храна за учениците од училиштето „Ванчо Питошески“ кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Хуманите активности под мотото “Да подадеме рака“ ќе продолжат во текот на целата учебна година, најавуваат од училиштето.