Велигден е најголемиот христијански празник, која ја означува победата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник во суштина претставува спој на верата и традицијата негувана од памтивека, започнувајќи со Велики Четврток.

По тој повод, во текот на вчерашниот ден православните христијани масовно ги посетија охридските верски храмови, каде што се одбележа споменот на христовите страдања, неговото судење и распнување.

Утрото на Велики Четврток имавме света божествена литуртија, по чие служење согласно правилото се направи општ маслосвет. Верниците земаат од тоа масло, го чуваат преку целата година и го користат доколку почувствуваат разноразни духовни или телесни тегоби. Вечерта се одбележа предавството над Христа, односно се читаа 12-те страдални евангелија, наврајќајќи се 12 пати на оној момент кога Христос е предаден, осуден, плукан, шамарен, измачуван и распнат. Се вади распетието Христово, се поставува среде храмот, а верниците пред истото се поклонуваат.“ – вели отец Сашо од црквата „Св. Никола“ во Долна Влашка мала.

На Велики Петок се ваѓа плаштеницата

Како што објаснува отец Сашо, на Велики Петок традиционално се вади плаштеница, која го симболизира христовиот гроб.

„На Велики Петок или распет петок, рано изутрина ќе биде извадена плаштеницата која го симболизира христовиот гроб, на која што е изобразен, насликан или извезен, Христос положен во гробот каде го оплакува неговата мајка. Вечерта се отслужува погребението, кога се читаат статии кои во себ содржат оплакување изведено на прекрасен јазичен и црковно поетски начин.“ – објаснува отец Сашо.

Воскресение Христово

Христовото Восресение во суштина претставува денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите, односно претставува победа над смртта.

Велика Сабота, односно на полноќ спрема недела, се прославува Восресението Христово, кога целата вселена громогласно ја величи победата над смрта. Сите оние кои се подготвувале со пост за соединување со даровите Христови, после литургијата која се служи во недела длабоко во ноќта или од изутрина, се причествуваат и ги примаат крвта и телото Христови. Тоа прославување на Христовото Воскресение не запира тука, туку продолжува до моментот на неговото Вознесение, или Спасовден.“ – вели отец Сашо.

Традицијата се „коси“ со правилата на црквата

Како што потенцира отец Сашо, традицијата во Охрид вели дека на вториот ден од Велигден, односно во понеделник, доста верници одат на гробиштата, што е спротивно на црковните правила.

Потребно е да дојдат на литургија во храмот и да се радуваат на победата над смрта од страна на животот. Според црковните правила  и канони, во оваа прва т.н. светла седмица не се оди на гробишта се до Томина недела. Ги повикувам да дојдат на литургија да долично да го прослават големиот верски празник според каноните на црквата и правилата.“ – потенцира отец Сашо.

О.Т.