Стресот и лошите животни навики меѓу кои и начинот на исхрана кои се карактеристика на нашето секојдневие придонесуваат за зголемување на ризиците за појава на голем број болести меѓу кои се и бубрежните заболувања. Ако медицинската наука и практика докажале дека раната дијагноза на ХББ значи и нејзино успешно лекување, тогаш јасно е дека треба да се фокусираме на навремено откривање и сузбивање на причините за појава на болеста, велат стручните лица.
Во Центарот за дијализа во Струга, под мотото „Чувајте ги бубрезите за да го спасите срцето“ беше одбележан Светскиот ден на бубрегот. По тој повод се одржа трибина на која за проблемите со кои се соочуваат бубрежно болните говореа доктори и претставници на здружението „Нефрон“. Како што беше истакнато на трибината, со повеќе од 70 апарати за дијализа, годишно во Струшкиот центар за дијализа се третираат над 500 пациенти.
Светскиот Ден на бубрегот се одбележува секоја година, во вториот четврток од март во над 100 земји, на сите шест континенти во светот.