Вчера по повод Светскиот ден на театарот, охриѓани имаа можност да ја проследат претставата „Ај да си речиме уште една“, по што се оддржа свечен прием на кој за прв пат во Охрид се прочита светската порака, што годинава ја упати познатиот актер, режисер и драмски писател Дарио Фо..

Денеска го прославуваме театарот преку кој истовремено го одразуваме извондредното културно и човечко постоење. На овој ден, во сите театри низ целиот свет се пренесува целата сила.“ – изјави Горан Стојаноски, раководител на Народниот нтеатар  – Охрид,  по повод Светскиот ден на театарот.


Охрид денеска има театар,има свое место од каде што ние заеднички  ја црпиме и ќе ја црпиме нашата сила. Нашиот театар е настанат со макотрпна работа и со икслучителна љубов. Ова е нашиот заеднички плод, крунисан пред точно 2 години.“ – додаде Стојаноски, додавајќи дека желба на Народниот тетар во Охрид да добие сопствен дом.

На свечениот прием по повод Светскиот ден на театарот, пред присутните се обрати и новиот градоначалник на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески.

Јас сум вечерва почестен од поканата да присустувам на оваа величествена претстава која ја изведоа актерите на охридскиот театар. Јас можам да ви ветам една работа. Додека во 1697-ма  година се донесе наредба  да се прогонат актерите, јас ви ветувам дека од 2013-та  овој театар и оваа  екипа ќе ја поддржам од се срце како градоначалник на Охрид и како локална самоуправа од сите аспекти.“ – истакна Бакрачески.

Инаку, Светскиот ден на театарот е востановен во 1961 година на иницијатива на Интернационалниот театарски институт.

OhridNews

фото: Мега продукција