Црвен крст Охрид и НВО Опција со низа активности се приклучија на светската кампања за одбележување на 19 мај, светскиот ден за борба против хепатитисот. И оваа година, кампањата се спроведува под мотото Дали сум јас бројот 12?, со што се потенцира фактот дека секој 12-ти човек во светот е заразен со вирусот на Хепатитис Б и Ц, инфекција која често останува недијагностицирана, а при тоа секој од нас може да биде тој 12-ти човек. Денес на плоштадот Чинар, активистите на Црвен крст Охрид и Опција Охрид, делеа едукативен материјал за хепатитисот и даваа совети за заштита од оваа болест, како и начините на дијагностицирање и третманот за лекување на истата.


Во текот на утрешниот ден, тим на стручни лица на Црвен крст и Опција ќе реализираат едукативни предавања за Хепатитис Б и Ц во Казнено поправната установа-Затвор во Струга.


Од Црвениот крст информираат дека секој заинтересиран може да направи тест за откривање на Хепатитис Б и Ц во лабораторијата на Здравтвен дом (Маларична) секој работен ден, со партиципација од 20 денари.

OhridNews