Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и „Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Исто така, учесниците во сообраќајот беа информирани за бројот на жртви и повредени на годишно ниво од сообраќајни незгоди, во нашата држава и во светот, информираат од Општина Охрид.

Статистички на светско ниво во 2024 година околу 1,35 милиони лица се загинати во сообраќајни незгоди, додека над 50 милиони лица биле повредени. Во Македонија во 2024 година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица биле повредени.

Целта на спроведената активност е да се зголеми свеста за одговорно и безбедно возење со што ќе се даде придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, посочуваат од Општина Охрид.

OhridNews