Во организација на Општина Охрид и НУ Библиотека Григор денес во Прличевата одаја во НУ Библиотека Григор Прличев беше одржан настан по повод одбележувањето 20 години од смртта на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски, со цел афирмација на неговото книжевно творештво и трајниот придонес во македонската литература и културното наследство.


Во рамки на програмата, во име на Друштвото на писателите на Македонија и писателите од Охрид, беше најавен и претставен поетот Славе Ѓорѓо Димоски, со што се потенцираше книжевната и културната вредност на делото на Ковачевски во национален контекст.

Во продолжение беше прочитан расказот „Пејач“, кој претставува значаен дел од неговото прозно творештво.

Во завршниот дел од настанот, Општина Охрид, преку раководителот на Одделението за култура, им врачи на семејството примероци од изданија во кои е застапен Зоран Ковачевски, а кои се во издание на Општина Охрид.
Со овој настан, Општина Охрид уште еднаш ја потврди својата заложба за негување на културната меморија и поддршка на македонската книжевност и авторите кои оставиле траен белег во културниот развој на заедницата, посочуваат.
OhridNews











