Одбележана годишнината од погибјата на охридскиот војвода Христо Узунов
24.04.24 12:18
Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети.
Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер.
Со културно-уметничка програма патрониот празник го одбележа и Општинското основно училиште што го носи името на големиот охридски војвода.
Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците.
На 25092026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознак...
Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје пот...
Утре за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден во храмот „Св вмч Георгиј“ во Охрид со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чинонач...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.