Во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода.

Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100 годишнината од смртта на големиот охридски и македонски револуционер Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, учествувал во Балканските војни и Тиквешкото востание, а бил и креатор на Охридско –дебарското востание.
Личноста на Петар Чаулев е цвстро врзана за автономна и автентична борба на македонците за слободна Македонија. Во таа смисла тој до крајот на својот живот останал верен на својот потпис на Мајскиот манифест, кој предвидувал обединување на сите партии и фракции во борбата за ослободување на Македонија.
Многу години подоцна, идеалите на Чаулев за слобода, ќе се реализираат преку големата антифашистичка победа во Втората светска војна и конечното ослободување на Македонија. Ние како генерација и оние кои ќе дојдат после нас, секогаш со посебен пиетет ќе се сеќаваме на големото револуционерно дело на великот Петар Чаулев, истакна Божиновски.

OhridNews











