Со пригоден настан што се одржа денеска во манастирот „Света Петка” во Велгошти, беа одбележани 121 година од формирањето на првата востаничка чета во Охридско.
Пред присутните се обрати претседателот на МЗ на с.Велгошти, Кире Пердулоски, кој посочи дека оваа традиција е обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува.
Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој оваа генерација доследно треба да го продолжи и пренесе на идните генерации. – рече Пердулоски.
Свежо цвеќе положија претставници на МЗ Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Одбележани 121 година од формирањето на првата востаничка чета во Охридско
OhridNews