Во основното училиште  „Григор Прличев“ , а во соработка со охридската библиотека, со пригоден настан се одбележаа 159 години од денот кога Григор Прличев го доби Ловоровиот венец.

Учениците имаа извонредна можност не само да го одбележат овој значаен датум, туку и да го проследат видео проектот „Од животот на Прличев“ од авторот м-р Милчо Јованоски.

„М-р Јованоски виртуозно ги воведе учениците во содржините од животот на Прличев, овој видео проект ги допре клучните моменти од неговото егзистирање и најважното: закитувањето со венецот, симболот на победата, највозвишената чест во тогашните поетски кругови. Стиховите во „Сердарот“ се како свежа вода, со секое читање на поемата во душата на читателот повторно и повторно како феникс оживува љубовта кон пишаниот збор. Безвременските зборови само ја потврдуваат моќта на перото и го утврдуваат овој генијален книжевник, велат од училиштето.