Делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 16 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година во 10:30 часот на околу 250 метри оддалеченост од брегот на Охридското Езеро, кај автокампот „Елешец“. Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид до Свети Наум.
OhridNews












