Одбележани годишнините од формирањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 6. пешадиска бригада
06.09.24 15:47
Денеска, по повод 6-ти Септември, кога се одбележува 80 годишнината од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 32 години од формирањето на 6. пешадиска бригада, во касарната во Охрид се одржа пригодна свеченост.
Пред построената единица од воените ветерани и резервисти на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, за нејзиниот развоен пат, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.
На свеченоста, присуствуваа генералот во пензија и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и повеќе поранешни припадници на единицата и раководители во безбедносните служби на Армијата и полицијата.
Полковникот Велјаноски, им оддаде признание на сите припадници на Армијата кои, несебично се вградија во развојот на единицата и на Македонската армија, потсети на историските судбоносни моменти од периодот на заминувањето на поранешната југословенска војска и формирањето на првата единица на АРМ.
Во рамките на одбележувањето на денот, синоќа во просториите на касарната се одржа трибина на тема „6. Бригада“ во касарната во Охрид на трибина на која говореа генералот Котели, пензионираниот потполковник Павле Момироски и заставникот Сенај Идризоски. Велјаноски рече дека, припадниците на единицата, на 8 септември ќе изведат марш по борбениот пат на 6. Македонско народноослободителна бригада почнувајќи од касараната, преку селата Годивје, Цер до Крушево.
Во знак на почит за посебниот придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, претставници на воените ветерани од единицата и ветераните од областа на одбраната и безбедноста, положија свежо цвеќе на гробот на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.
ЈП Охридски Комуналец продолжува со акциите за собирање на текстилен отпад во соработка со „Училиштата без пластика“ кои ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот Утре граѓаните имаат можн...
На 23092026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во болницата „СвЕразмо“ со тешки телесни повреди било пренесено 52-годишно лице од Охрид Според пријавеното, тој се здобил со ...
Во среда, 30 септември, ќе се одржат 15-тата и 16-тата седници на Советот на Општина Охрид со почеток во 9 и 10:00 часот На првата седница на дневен ред се 20 точки меѓу кои годишен план за вработу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.