Спортскиот суд во Лозана ја одби жалбата на некогашниот претседател на ФИФА, Сеп Балтер и останува на сила неговата суспензија од шест години.
ФИФА, Блатер го суспендираше за кршење на кодексот и вмешаност во задкулисни игри. Швајцарецот демантираше било каква поврзаност, но спортскиот суд во Лозана ја потврди неговата казна.
– Тешко ја прифаќам одлуката, но со обзир како се води овој случај не очекував друг епилог. – кратко прокоментира Блатер по одбивањето на неговата жалба.
Спортскиот суд во Лозана, неодамна ја намали казната на Мишел Платини на четири години кој беше поврзан со случајот на Блатер.
Образложение за намалување на казната на Платини беше долгогодишното работење во и за фудбалот.
OhridNews