Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја одби жалбата на Челси и забраната за трансфери во следните два преодни рокови останува на сила. Челси, издејствува да има можност да доведува играчи помлади од 16 години со потекло од Велика Британија.
ФИФА истрага против Челси покрена поради неправилности при потпишување на договори со играчи кои доаѓаат надвор островот. Најголем проблем при „чешлањето“ на трансферите бил ангажманот на Бертранд Траоре од Оксе 2013 година, а неправилности ФИФА пронашла во 29 од 92 трансфери.
Управата на клубот од Стемфорд Бриџ ќе се жали за Спортскиот суд во Лозана, а ќе мора да плати 460 000 фунти за губењето на спортот со ФИФА.
OhridNews