Судот го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на двегодишната затворска казна.
- Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против ова решение во рок од 3 дена до Кривичниот совет, стои во соопштението на Кривичниот суд.
По добивањето на известувањето Груевски има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, во рок од три дена, по што во рок од три дена судот треба да донесе одлука по жалбата. Доколку се отфрли жалбата Груевски на 8 ноември мора да оди истражниот затвор „Скопје“.
Груевски на правосилна затворска казна од две години беше осуден во предметот на СЈО „Тенк“.