Градоначалникот Константин Георгиески денеска беше во посета на ОУ „Григор Прличев“ и оствари средба со директорката Ивана Маховска Шикалеска. Повод за посетата беше решавањето на долгогодишниот финансиски проблем и одблокирањето на сметката на училиштето.

Како што истакна градоначалникот Георгиески, ОУ„Григор Прличев“ по речиси шест години, конечно ќе може да функционира непречено. Вчера Општина Охрид ја сервисира последната обврска и целосно го исплати преземениот долг на „Григор Прличев“ и од денес училиштето има одблокирана сметка.

  • Вкупниот долг на училиштето кон 22 доверители изнесуваше 37.733.670 денари. Општина Охрид заклучно со вчерашниот ден исплати вкупно 33.673.308 денари, при што со отпишување на камати остварени се заштеди во износ од 8.654.902 денари. Со ова нашата општина покажува дека со аналитичен и системски пристап може да се остварат вакви резултати. Продолжуваме и понатака посветено да работиме на подобрување на условите во образованието, рече градоначалникот Георгиески при посетата.

Градоначалникот потсети дека во рамки на планираните инвестиции во училиштата, во текот на изминатиот период, новиот објект на ОУ „Григор Прличев“ доби нова висококвалитетна дограма.

OhridNews