Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) денеска објави дека натпреварите на Европското првенство во групата Ц кои изминатите седум денови се одиграа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје привлекоа повеќе од 20.000 гледачи.

Изразувајќи „неизмерна благодарност“ за поддршката која македонските одбојкари ја добија од трибините, ОФМ посочи дека навивачите биле најдобрата инспирација за остварениот успех на црвено – жолтите и пласманот во нокаут фазата.

Им дадовте инспирација на нашите момци да напредуваат во осминафиналето, а тие ви возвратија со максимална пожртвуваност и две победи, соопшти ОФМ.

Македонските одбојкари денеска заминаа за Бари каде в сабота од 18 часот ќе играат против Италија во осминафиналето.

Нокат фазата ќе биде отворена со натпреварот меѓу Хрватска и Романија, а в сабота на програмата се и осминафиналните дуели меѓу Франција – Бугарија, Словенија – Турција, Холандија – Германија и Португалија – Украина. В недела ќе играат Полска – Белгија и Србија – Чешка. Финалето е на 16 септември во Рим.

OhridNews

фото. ОФМ