Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната 2017/18.

Најмногу играчи во идеалниот состав доаѓаат од новиот шампион Манчестер Сити – вкупно петмина, од Тотенхем се тројца, а по еден се од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи.

Тимот на сезоната:

Голман: Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед)

Одбрана: Кајл Вокер (Манчестер Сити), Јан Вертоген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер Сити), и Маркос Алонсо (Челзи)

Среден ред: Давид Силва (Манчестер Сити), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем) и Мохамед Салах (Ливерпул)

Напад: Хари Кејн (Тотенхем) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).

OhridNews