Избраниците на Жозе Мурињо по првиот натпревар во четвртфиналето од Лигата на Шампиони обезбедија предност од три голови. Но повеќе што импресионираше беше играта во одбраната на фудбалерите во “бело“. Тие не им оставија ни мал простор за докажување на Дидиер Дрогба и Бурак Јилмаз.


– Добивме лекција од Реал иако ние одигравме многу слабо. Но тоа нема да не поколеба, Галатасарај има млада екипа и сите тие треба многу да научат од овој пораз. Во нашиот состав има голем простор за напредок, само мора да го покажаме целиот свој потенцијал, а мислам дека можеме на реванш мечот пред своите гледачи – рече Дрогба.

Робусниот напаѓач Дрогба, кој минатата сезона го постигна пеналот вреден титула за “сините“ од Лондон го пофали Варан, за неговата зрела игра иако е доста млад фудбалер.

Мх.П.