Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновски“ одбра потенцијални кандидати за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 46 книги од 45 автори на конкурсот.


Потенцијални кандидати за наградата на Струшките вечери на поезијата се: Морето ми е до колена (Јовица Ивановски), Глагољубни песновиденија (Димитар Пандев), Времено и трајно (Јован Стрезовски), Посланија и риданија (Кочо Топузовски) и Светлината на Света Гора (Иван Џепароски).

– Одлуката на жири комисијата е донесена после првите состаноци во пресрет на педесет и првото издание на „Струшките вечери на поезијата“. Составот на жири-комисијата, согласно Правилникот за работа, и понатаму останува таен до донесувањето на конечната одлука.- информираат од жири-комисијата.

Согласно програмските измени, од минатата година во посебна програмска содржина ќе бидат претставени поетите чии книги се нашле во потесниот избор.

Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија, наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016, ќе биде соопштен на официјална прес-конференција.

OhridNews