Во ново отворениот „Пет центар“ кој работи во рамки на макси дисконтот на реномираниот трговски бренд „Топ маркет“, на ул. „15-ти Корпус“, започна да функционира специјализиран оддел за акваристика. Тука ќе најдете аквариуми, пумпи, греачи, разни украси…
Понудата на пет центарот на макси дисконтот на „Топ маркет“, збогатена е и со премиум храна од брендот „Monge“, како и суплименти за кучиња, играчки за миленици и широка лепеза производи за гулаби. Наскоро понудата на храна за миленици ќе биде збогатена со производи од познатиот бренд „Royal Canin“
Покрај храна, „Пет центарот“ во Топ макси дисконтот нуди најголем избор на средства за хигиена, како и разни додатоци, четки и чешли, поводници и околувратници, гардероба, кафези, куќарки, витамини, минерали и друга дополнителна опрема за миленици.
Покрај широкиот избор на производи, Топ макси дисконтот на купувачите во пет центарот им нуди бенефиции при купувањето со картички за лојалност, со која добиваат 7 проценти попуст.
Топ макси дисконтот на ул. „15ти Корпус“, во чиј склоп работи новата специјализирана продавница за миленици, располага со сопствен паркинг простор.
OhridNews






























