Oделото на Џон Траволта oд американскиот филм „Треска на саботната вечер“ (Saturday Night Fever) од 70-тите, оди на продажба.

Имено, можеби најпознатите три парчиња полиестер во филмската историја овој месец одат на наддавање во аукциската куќа „Џулиен’с“ во Калифорнија, на 22 и 23 април. „Крилестото“ бело одело, панталоните-ѕвонарки, појасот и, веројатно – „неисцрпниот извор“ на статички електрицитет, се очекува да достигне 200.000 долари или повисока цена.

Мислам, ова беше диско-ерата! Ова е она што го паметиме. Кога луѓето зборуваат за диско, сите ја имаме на ум „Треска на саботната вечер“… Ги имате предвиди „Би џис“, Џон Траволта, нагласи извршниот директор на „Џулиен’с“, Мартин Нолан.

Понудата е една од околу 1.400 предмети од последните над 100 години кинематографија. Меѓу другите сувенири е и бастунот на Чарли Чаплин, скејт-даската од „Враќање во иднината III“ и оригиналната наметка што ја носела глумицата Теда Бара во „Клеопатра“ од 1917 година. Обожавателите на „Хари Потер“ ќе може да наддаваат разни реквизит-стапчиња, а ќе има и костими од „Џон Вик“, „Бетмен“, „Железниот човек“ и „Војна на ѕвездите“.

OhridNews