Екипата на “ТВБ7“ е победник на шестиот по ред бајрамски турнир во мал фудбал. Tурнирот кој беше организран од Здружението ИНКЛУЗИЈА , а финасиски подржано од Балканскиот сојуз на Египќаните , се одигра во спортскиот терен   при Оу. Братство Единство-Лескајца во кој учествуваа  екипи од Охрид.


ТВБ7 беа најдобри, додека зад нив се пласираа екипите на Дени Маркет ,Каиро Санко и Фламенго од Охрид.


Титулата за најдобар стрелец  му припадна на  фудбалерот од ТВБ7 Мухамед Максути кој воедно игра и за ФК Илинден од Велмеј , додека благодарницата за Фер плеј екипа беше доделена на екипата Дени Маркет  од Охрид .