Во СРЦ „Климент Колески“ во рамките на училишната спортска лига која е во организација на Сојузот за училишен спорт Охрид, а под покровителство на општина Охрид се одигра третото коло од футсал лигата за основни училишта.

Под мотото „Играј за живот избери спорт“ учесниците покажаа добар квалитет и понудија неизвесни и тврди натпревари.

Резултати: ОУ Братство Единство – ОУ Кочо Рацин 2-1, ОУ Христо Узунов – ОУ Живко Чинго 4-0, ОУ Григор Прличев – ОУ Ванчо Питошески 2-2.

OhridNews